Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Реконструкцијата на оштетниот кров на болницата од невремето во Штип ќе чини неколку милиони денари

Неколку милиони денари ќе бидат потребни за реконструкција на кровот на Клиничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку милиони денари ќе бидат потребни за реконструкција на кровот на Клиничка болница Штип, кој беше оштетен и однесен за време на силното невреме со оркански ветер што го зафати градот, при што брзината на ветерот достигна 134 километри на час.

Заменик-директорката на Клиничка болница Штип, Билјана Ефтимова, по средбата со министерот за здравство Сашо Клековски и директорот на Фондот за здравство Златко Перински, информираше дека се очекува извештајот од осигурителната компанија за целосна проценка на штетата.

-Вака, првичната проценка е во денари — неколку милиони. Но, чекаме извештај од осигурителната компанија и уште една проценка, затоа што после првиот чин од невремето, секако се појавуваат и други делови и работи кои треба да се реконструираат. Тоа се однесува на кровот на третиот спрат, каде што е сместено Ортопедското одделение и ортопедската сала, како и Единицата за интензивно лекување и Кома центарот. Тие се оштетени, бидејќи останаа без кров- изјави Ефтимова.

Реклама

Министерот Клековски дополни дека ја следат состојбата во објектот на Клиничката болница Штип. 

-Во нивниот буџет имаше предвидено едни средства за реконструкција. Министерството ќе ја следи работата и во однос на проценката ќе ги одобри неопходните средства да се завршат работите навреме и ортопедијата да биде ставена во функција час поскоро-рече Клековски. 

Прашан за колку нови специјалисти ќе бидат примени во штипската Клиничка болница, Клековски одговори дека ќе го ажурираат повикот за специјалисти, бидејќи дел од нив се веќе некаде вработени, а апсолутен прироритет имаат Клиничките центри и болници надвор од Скопје. 

-​Ќе направиме сѐ што можеме бројот на специјалисти во Штип да се зголеми. И не само во Штип, генерално во сите Општи болници и Клинички болници. ​Значи, треба повторно да го обновиме интересот на специјализантите, да видиме што недостига тука, да направиме спојување на специјализанти со потребите и тогаш да установиме точна бројка-изјави Клековски по посетата на Штип.