Реклама

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Македонија

Регионален форум на Североисточниот Плански Регион за одржлив третман на биоотпадот

Регионален форум на Североисточниот Плански Регион за одржлив третман на биоотпадот се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионален форум на Североисточниот Плански Регион за одржлив третман на биоотпадот се одржа денеска во Куманово во рамките на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“, кој се реализира преку програмата „Цивика мобилитас“, со финансиска поддршка од владата на Швајцарија, а го спроведуваат „Зелен институт“ и Здружението на сопствениците на приватните шуми. Експертите презентираа анализи според кои повеќе од половина од комуналниот отпад во регионот е биоотпад, а само во Куманово годишно според базичните податоци се создаваат најмалку 40.000 тони.

Како што објаснија стручните лица, целта на базичните истражувања е што попрецизно да се утврдат количините биоотпад што се создаваат во регионите и да се предложат модели за негово одделно собирање, третман и повторно искористување. Техничкиот експерт за изработка на анализите Катерина Георгиевска истакна дека анализите покажуваат дека од 50 до 60 проценти од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата е биоотпад, кој во моментот завршува измешан со другиот отпад. Таа објаснува дека е потребно да се направи процена на ниво на регион.

– Во моментот сме на ниво на собирање мешан комунален отпад. Влажната фракција, односно биоотпадот, се меша со пластика, амбалажа, метал и друг отпад, по што завршува на депонии. Наместо тоа, тој треба да се издвојува и да се користи како ресурс – рече Георгиевска.

Реклама

Целта е биоотпадот да се намали и според експертите важно е да се компостира, што бара испитувања, но важно е да се намалат количините. Таа потсети дека е во тек подготовката за изградба на регионалната депонија кај Свети Николе, која ќе ги опслужува Североисточниот и Источниот Плански Регион, но нагласи дека паралелно треба да се воспостави систем за селекција и компостирање на биоотпадот. Една од препораките е во Куманово да почне пилот-проект во една населба со речиси 500 домаќинства, каде што граѓаните ќе го селектираат биоотпадот, со цел да се провери исплатливоста на системот пред негово проширување. Експертот Лилјана Поповска истакна дека биоотпадот не треба да се третира како отпад, туку како ресурс што може да создаде нова економска вредност.

– Тој може да се користи за производство на компост и други производи наместо да се фрла по ниви, стрништа или диви депонии, каде што често завршува запален и претставува дополнителен ризик за животната средина – рече Поповска.

Таа информира дека во рамките на проектот биле спроведени теренски истражувања во четири пилот-региони, Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот, а како пилот-градови биле избрани Куманово, Кавадарци, Радовиш и Берово.

– Во Куманово проценивме дека годишно се создаваат најмалку 40.000 тони биоотпад. Реалните количини веројатно се и поголеми, но процените се направени врз основа на теренски анкети и достапните статистички податоци, кои, за жал, се прилично ограничени. Екстремно скромни се базите и податоците – рече Поповска.

Таа посочи дека во европските земји биоотпадот веќе се користи како суровина за производство на нови производи, со што се создава економска корист и истовремено се намалува загадувањето и ризикот од пожари. Во Куманово има неколку фирми што вложиле во обработка на биоотпадот. Во рамките на форумот беше посочено дека ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово е подготвено да учествува во воспоставување систем за компостирање, а препораките од базичните истражувања ќе послужат како основа за изработка на физибилити-студии и идни инвестиции во регионален систем за управување со биоотпадот.

Првичните сознанија се дискутираат на форуми на ниво на региони, од кои треба да произлезе предфизибилити-студија, по што ќе се помине на повисоки фази. Експертите оценија дека Македонија располага со законска регулатива за управување со биоотпадот, но дека нејзината примена во пракса сè уште не е на задоволително ниво, поради што е потребна поголема соработка меѓу институциите, комуналните претпријатија и граѓаните.