Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

„Рацин(е!)“ – нова студија придонес кон рацинологијата од професорката Марија Ѓорѓиева-Димова

Во издание на Паблишер пристигна „Рацин(е!)“ – впечатлива студија од професорката Марија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во издание на Паблишер пристигна „Рацин(е!)“ – впечатлива студија од професорката Марија Ѓорѓиева-Димова, која претставува значаен придонес кон рационологијата.  

-„Студијата ‘Рацин(е)!’ на Марија Ѓорѓиева-Димова, без сомнение, претставува едно впечатливо, оригинално, теориски и илустративно цврсто засновано толкување на поезијата на Кочо Рацин во контекст на неговото и на нашето време, од поетичка, но и од културолошка и од историска перспектива“, пишува акад. Катица Ќулавкова во рецензијата.  

Според Ќулавкова, новата збирка студии на Ѓорѓиева-Димова, интегрирани во една целина, претставува дијалог од историска и од теориска дистанца со книжевната оставина на Рацин. 
 
Во воведниот збор за книгата, авторката Ѓорѓиева-Димова ја истакнува важноста за интерпретативното навраќање кон Рациновото дело, посочувајќи дека секое носи со себе етичка и педагошка функција за секоја следна (нова/млада) генерација читатели, на која треба критички и толкувачки да им се доближи корпус којшто е доминиран со референцијалните фокуси врз контекстите во кои бил создаван. Освен тоа, со секое повторно читање треба да се посочат универзалноста и безвременоста на неговите тематски преокупации.  

Реклама

„Но, истовремено, навраќањето кон Рациновото дело претставува и потсетување и промислување на контекстите во коишто се одвивала нашата национална и културна еволуција“, пишува професорката на почетокот на студијата.  
 
Марија Ѓорѓиева-Димова e редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Авторка е на монографиите: Модели на интертекстуалност во романот (2003), Метатекстови (2008), Интенција и интерпретација (2011), Повторната средба на Клио и Калиопа (2012), Меанадрите на книжевноста (2015), Толкувачки визури (2016), Теоријата на книжевност во (интер)акција (2017), Интерпретограми (2020), Интердискурзивните дијалози на книжевноста (2021), Книжевни каталози (2023), Ако романот е пропуштена 
историја (2025).

Книгата може да се најде во сите книжарници на Издавачки центар ТРИ и онлајн на kniga.mk.