Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Пропадна планот на градоначалникот на Штип за издавање на општинска обврзница

Штип останува без обиколница, булевар и мала хидроцентрала, проекти кои што требаше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип останува без обиколница, булевар и мала хидроцентрала, проекти кои што требаше да се реализират со пари од општинската обврзница. Планот на Локалната самоуправа пропадна  во вода, откако на двете последни владини седници од дневен ред беше тргната точката за издавање на обврзницата. Со одоговлекување на постапката, поминати се сите рокови, па поради тоа Штип го изгуби правото за аплицирање за оваа година.

Во писмената реакција до јавноста, градоначалникот Јорданов предупредува дека со ова Владата само потврдува дека граѓаните на Штип се жртви на нејзиното политиканство и не дозволува градот да добие развојни проекти и капитални инвестиции..

Уште на почетокот од овој месец кога поради  усогласувања на документацијата, на владината седница беше одложено разгледувањето на Информацијата за задолжување, Јорданов повика на разумно  донесеување на одлука која ќе биде во полза на народот.

Реклама

  „Она што го барат од нас е веќе завршено и е усогласено со законодавство барањето коешто го има доставено до нас Владата…Апелирам и се надевам дека ќе преовладува разумот и на било која наредна седница на Влада точката ќе биде ставена, ќе биде донесена одлуката затоашто граѓаните на Штип го заслужуваат тоа . Штип е центар на Источна Македонија и не треба да тие трпат вакви политички препукувања„ минатата недела изјави Јорданов.

Се планираше со издавање на 8000 обврзници, да се обезбедат 4 милиони евра, средства со кои градот ќе добиеше неколку капитални инвестиции. За Општина Штип да добие согласност и да покаже ликвидност претходно исплати дел од долгот кон Министреството за финансии  стар речиси две децении.

Александра Ристевска