Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Промоција на повикот за учество на македонските компании на ЕКСПО 2027 во Белград

Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба ЕКСПО 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година.

Повикот ќе биде промовиран денеска, а е наменет за компании што имаат интерес да ги претстават своите производи, услуги, технологии и иновативни решенија пред домашната, регионалната и меѓународната деловна заедница, да воспостават нови деловни партнерства, да ги прошират своите извозни можности и да остварат директни контакти со потенцијални инвеститори, купувачи и институционални партнери.

– Во согласност со правилата на организаторот на ЕКСПО 2027 Белград, пријавувањето и резервирањето на термините за деловните активности ќе се реализираат по принципот прв пријавен – прв потврден. Поради тоа, ги охрабруваме заинтересираните компании своето учество да го пријават навремено, со цел да обезбедат место во програмата и да бидат вклучени во тематските активности што најмногу одговараат на нивниот сектор – велат од канцеларијата на комесарот на Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027.

Реклама

Претставувањето на македонските компании ќе биде организирано во согласност со официјалните тематски недели на ЕКСПО 2027, што ќе овозможи целно позиционирање пред релевантни меѓународни деловни публики и учество во секторски и интерсекторски настани.

Пријавувањето се врши електронски преку пополнување на пријавата достапна на: https://macedonianpavilion.com/prijava/, а крајниот рок е 1 септември 2026 година.

Тематски недели на ЕКСПО 2027

– Деловната програма ќе се реализира во рамките на следните тематски недели:

22 – 29 мај 2027 – Play for Resilience: Фармација и медицина, производство, спорт, велнес и бањски туризам, хотелиерство, храна и пијалаци, туризам, технологија.

5 – 12 јуни 2027 – Play for Sustainable Future: Енергетика, инвестиции, синџири на снабдување, биопроизводство на вино, одржлива храна, обновливи извори на енергија.

19 – 26 јуни 2027 – Play for Innovators: Вештачка интелигенција, електрични, хибридни и автономни возила, логистика, информатичко-комуникациски технологии, хардвер и софтвер, развој на производи, аутсорсинг, стартап-компании, ризичен капитал, инвестиции.

3 – 10 јули 2027 – Play for Visionaries: Туристички дестинации, забавна индустрија, музичка индустрија, продукција, издаваштво, извоз.

17 – 24 јули 2027 – Play for an Active Society: Земјоделство, енергетика, текстилна индустрија, спорт, музика, женско претприемништво, човечки капитал, развојни фондови.

7 – 14 август 2027 – Play for Peace: Спортски настани, управување со електронски отпад, развој на таленти, уметност, занаетчиство, трговија, деловна програма.

Во рамките на ЕКСПО 2027 деловната програма компаниите ќе имаат можност да иницираат и да учествуваат во: секторски и тематски конференции, тркалезни маси и панел-дискусии, инвестициски форуми и роуд-шоу презентации, B2B и B2G-деловни средби, меѓународни панел-дискусии со претставници од Македонија, презентации на производи, услуги и иновативни решенија, како и во организирано деловно вмрежување со компании, институции, инвеститори и стопански комори од целиот свет.

– Учеството во деловната програма на ЕКСПО 2027 Белград претставува значајна можност за македонските компании да ја зајакнат својата меѓународна видливост, да ги промовираат своите производи и услуги, да воспостават нови деловни партнерства и да отворат можности за нови инвестиции и извоз на глобалните пазари. Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград се реализира со поддршка на Генералниот секретаријат на Владата, во партнерство со Сојузот на стопанските комори, со цел да се обезбеди силно и координирано претставување на македонската економија и бизнис-заедница на една од најзначајните меѓународни изложби – наведуваат од канцеларијата.