Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Производителите не очекуваат позначајни поевтинувања до крајот на годинава

Незначителни поевтинувања на цените на прехрабнбените производи  по Нова Година -вакви се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Незначителни поевтинувања на цените на прехрабнбените производи  по Нова Година -вакви се очекувањата по мерката со која компаниите кои произведуваат храна ќе добијат поевтина струја . Иако Министерството за економија се пофали дека веќе дури имало и намалување на лебот, а се очекувало пред Новогодишните празници уште да паѓаат цените , реалноста според компаниите е дека ефектот на оваа мерка ќе се почувствува дури од јануари.

Од Агро – бизнис комората објаснуваат дека се уште се потпишуваат договорите со ЕСМ продажба и процесот ќе трае до 1- ви декември. Според пресметките,  намалувањето на цената за околу 10 проценти во малопродажба би значи 4-5 денари поевтин леб.

По потпишувањето на тие договори по 1ви декември ќе почнеме да добиваме електрична енергија по 80 евра за мегават час. Тоа значи од први декември до крај на декември ќе стигнат фактурите и во тој месец ќе влезе електрична енергија по поевтини цени и од 1ви јануари реално е да се очекува намалување на цената на основните производи кој како околу 10 проценти.  , вели Горан Ѓорѓиевски , потпретседател на сојуз на стопански комори

Реклама

Покрај поевтинувањето на струјата , потребни се и дополнителни мерки кои ќе помогнат да се намалат и цените на суровините за да имаме реални поевтинувања во малопродажба. Од почетокот на годината, до сега компаниите плаќаат речиси 100 проценти поскапи суровини за производство.

Суштината е дека од почетокот на оваа година споредбено со овој момент  цената на суровините епокачена е за 98,7 проценти. Тие најмногу учествуваат во формирањето на цената на финалните производи, вели Ѓорѓиевски –  потпретседател на сојуз на стопански комори

Не се очекува ни значително намалување на цената на млекото. Млекопроизводителите реагираат дека откако цените во малопродажба стигнале до плафон , 10 отсто намалување сега ќе бидат незначителни за граѓаните. Покрај високите цени, постои сериозна можност и да се соочиме со млечна криза . 

Млекопроизводителите реагираат дека ќе престанат да продаваат млеко на преработувачите ако не ја добијат бараната откупна цена.

Ние како млекопроизводители не можеме да дојдеме до таа цена на струја  која ќе ја добијат преработувачите, а цената на млекото би се намалила 10 отсто тоа е многу малку, дали 5 денари во малопроажба ќе се намали затоа што ги покачија цените 90 денари литар млеко трајно, 800 денари килограм кашкавал. Народот пак ќе страда и пак ќе бидат високи цените .   Сега големите компании ќе добијат евтина струја а ние пак ќе останеме на скапиот пазар, се големи проблемите , вели Тони Петкоски Млекопроизводител.

 Инаку, се очекува околу 1000 компании кои произведуваат храна да потпишат договор за повластена цена од ЕВН Продажба со што ќе донијат поевтина струја, а Министерството за економија најави дека ќе биде проширена листата на дејности со тоа што ќе бидат додадени шифрите на дејности  за одгледување свињи, молзни крави , овци и кози за да се покрие целиот ланец и на месната индуструја.

Кристина Алексиеска