Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Проекција на „Железна тврдина“ на плажата „Сараиште“ во пресрет на отворањето на Beach Film Festival

Филм „Железна тврдина“ во кој учествуваат штитеници од Центарот за рехабилитација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филм „Железна тврдина“ во кој учествуваат штитеници од Центарот за рехабилитација на Психијатриската болница во Демир Хисар ќе биде прикажан во вторник во Охрид, во рамки на претпрограмата на Beach Film Festival.

Филмот е во продукција на „ПирејФилм“, а актерската екипа ја сочинуваат штитеници на Центарот за рехабилитација на Психијатриската болница во Демир Хисар, заедно со гостински актери меѓу кои Пол Гордон, Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Благоја Грујовски, Мишел Трајковски, Атиџе Муратова и Боби Додевски-Шлукс.

„Железна тврдина“ е филмска работилница што комбинира елементи на документарен и игран филм. Проектот е базиран на вистински случки и вклучува фиктивни и фантазиски сегменти. Според информациите од организаторите, филмот го следи процесот во кој секојдневниот живот и креативните активности на учесниците постепено се претвораат во конструиран филмски свет обликуван од самите нив.

Реклама

Проекцијата ќе се одржи во присуство на авторскиот тим, а влезот е слободен.

Во продолжение на програмата е предвидена и проекција на филмот „Самоуништување“ на продуцентот и актер Јовица Михајловски, кој се смета за прв македонски независен филм од 1996 година.