Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Проектот „Скопје 63/63“ вечер во Сули ан

Проектот „Скопје 63/63“, кој претставува средба на поезијата и фотографијата, посветена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектот „Скопје 63/63“, кој претставува средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година вечер ќе биде претставен во Сули ан. Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата меморија, а Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен јазик сведочат за архитектонското наследство што го преживеало земјотресот.

Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретација на Скопје како простор во кој минатото и сегашноста постојано се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоцијации за времето, сеќавањата, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите објекти. Делата повикуваат на размислување за носталгијата, за променетите интерпретации и новите значења што архитектурата ги добива со текот на времето, но и за неизбежните промени што ги носи современиот урбан развој.

Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дејство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат —метафора за Скопје кое полека се менува својот лик. На тој начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопје, неговите трансформации и постепеното исчезнување на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.

Реклама

Настанот, кој е дел од програмата на 47мото Скопско лето, претставува спомен за минатото, но и потсетник за човечноста, солидарноста и колективната меморија на градот.