Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Проектот за Чебрен оди во грчки раце-експертите критикуваат дека Македонија повеќе губи отколку што добива

ХЦ Чебрен е од огромно енергетско значење за Македонија , но лошо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ХЦ Чебрен е од огромно енергетско значење за Македонија , но лошо е што државата ја испушти шансата да ја изградиме ние. Според експертите лошата вест е што стратешкиот проект тежок една милијарда евра го добива компанија од надвор, во случајот од Грција, што долгорочно не дава надеж дека Македонија навистина ќе стане и енергетски независна. Во пракса тоа ќе значи дека електричната енергија која ќе биде произведена во Македонија со домашни ресурси ние повторно ќе треба да ја купуваме на берза:  

Ако ја земеше Македонија ќе беа 100 милиони евра на годишно ниво , што не се големи пари за кај нас , сега струјата ќе ја произведуваме дома и ќе ја купуваме на берза . Веројатно до сега ниту едно стопанство не се сметаше компетентно да изгради една таква централа, а зошто до сега не се прифатени другите понуди, веројатно зошто биле многу штетни, вели Константин Димитров од МАЦЕФ

Владината одлука за  издавање на концесија за користење на води за производство на електрична енергија на грчката Public Power Corporation отвора и низа  дилеми. Колку од водата од вештачкото езеро ќе може да се користи за наводнување , колкава ќе биде поволноста за Македонија да купува поевтино струја , колку македонски фирми и дали воопшто македонското стопанство ќе учествува  во градбата  ? Ова се прашања кои на јавноста не и се познати , бидејќи не се знае што точно се потпишало. Од она што досега е познато во јавноста, грчката компанија ќе треба да отвори посебна фирма во Македонија во која учество би требало да има и државната ЕСМ, најверојатно од околу 30%. Експертите предупредуваат дека милијардата за Чебрен може да доведе до ново задолжување, без соодветен фидбек.

Реклама

По 13 пропаднати тендери , по повеќе од 30 години Владата донесе одлука за  доделување на концесија за изградба на ХЦ Чебрен  . Предвидено е хидроцентралата да има  функција на производство на електрична енергија како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна река ќе се  создаде најголемото вештачко езеро во Македонија . Откако ќе заврши проектирањето и собирањето на документацијата, предвидено е да се почне со градбата , рокот е 7 години а вредноста на договорот 1 милијарда евра .

Кристина Алексиеска