Реклама

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Македонија

Презентација на проектот „Дигитален зелен пристап: Младите мапираат за инклузивна демократија“ во Велес

Во „Европска куќа“ во Велес денеска ќе се одржи тренинг-работилница и презентација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во „Европска куќа“ во Велес денеска ќе се одржи тренинг-работилница и презентација на проектот „Дигитален зелен пристап: Младите мапираат за инклузивна демократија“, иницијатива насочена кон подобрување на пристапноста на јавните институции за лицата со попреченост и другите ранливи категории граѓани.

Проектот „Digital Green Access“ е иницијатива за дигитална демократија предводена од млади луѓе, која има цел да одговори на долгогодишниот проблем со физичките бариери во институциите. Активностите се насочени кон подобрување на пристапноста за лица со физичка попреченост, родители со детски колички, лица кои користат помагала за движење, како и за лица со оштетен слух и вид.

На настанот ќе бидат претставени целите на проектот и активностите што предвидуваат дигитално мапирање на пристапноста на институциите.

Реклама

Предвидено е младите лидери од XYZ Green Gen и Impact Hub, ученици од четирите средни училишта во Велес, да ја претстават дигиталната апликација што ќе биде развиена како алатка за мапирање на пристапноста на институциите.