Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Tоп

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Техничка вода, а веднаш потоа и вода за пиење. Ова е приоритетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничка вода, а веднаш потоа и вода за пиење. Ова е приоритетот на Владата која по прогласената кризна состојба е целосно мобилизирана за средување на хаосот во Гостивар по хаваријата со затруениот водовод. Прогнозите се дека за две недели ќе се обезбеди чиста вода за пиење, ако се оди според планот и доколку вработените во локалното комунално претпријатие тесно соработуваат со тројцата експерти испратени од Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека главен приоритет на Владата во моментов е што поскоро да граѓаните на Гостивар да добијат техничка вода, а веднаш потоа и здравствено исправна вода за пиење.

„Важно е сега, откако полека, но сигурно, работата се презема по летаргијата која ја имаше Општината, од страна на државните институции, да обезбедиме најпрвин техничка вода, а потоа и вода за пиење. Сите оние кои се одговорни за ова ќе треба да бидат сослушани и, нормално, да се преземат мерки против истите. Веќе три лица се идентификувани како такви. Колку што знам, определени се мерки за обезбедување, така што институциите, како никогаш досега, во најбрзо време реагирале“, рече премиерот.

Здравствените власти уверуваат дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и дека се намалува бројот на граѓани кои бараат лекарска помош.

Реклама

Во меѓувреме, продолжуваат деталните анализи на водата за пиење. Министерот за здравство,Клековски изјави дека во испитувањата е вклучена и Клиниката за инфективни болести, која располага со најширок спектар на анализи за откривање бактерии и вируси во водата.

„Значи нема вирус кој не може да биде детектиран. Водата ќе биде ставена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна. Во моментот не се утврдени агенси кои би предизвикале промена на клиничката слика, после оваа ситуација. Од она што јас го имам видено како резултати тоа се вируси кои даваат веднаш клиничка слика, со стомачни проблеми и треска“ изјави Клековски.

Тројцата осомничени за загадувањето веќе се во 30 дневен притвор. Во Шутка се директорка на ЈП „Комуналец“-Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути. Тие се осомничени за тешки дела против животната средина и природата и се соочени со затворска казна од минимум четири години затвор. Од Обвинителството не ја отфрлаат можноста истрагата да се прошири и на други лица, во зависност од дополнителните анализи и докази кои ќе бидат прибавени.