Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Почнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“

Во организација на Општина Чаир, од денеска до 26 јули ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Општина Чаир, од денеска до 26 јули ќе се одржува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“. Под уметничко раководство на оперските уметници Инва Мула и Дешира Ахмети, „Чаршија“ ќе донесе врвни музички содржини во еден од најзначајните историски простори во Скопје.

Во рамки на четиридневната програма ќе настапат реномирани домашни и меѓународни уметници, а концертите ќе се одржуваат во автентичните простори на Сули ан и Куршумли ан, претворајќи ја Старата скопска чаршија во сцена на класичната музика и културниот дијалог.

Како што најави градоначалникот Изет Меџити, фестивалот претставува нова културна иницијатива на Општина Чаир, создадена со цел воспоставување нова уметничка традиција што ќе ја афирмира класичната музика, ќе ја зајакне меѓународната културна соработка и ќе го промовира богатото историско и културно наследство на Старата скопска чаршија.

Реклама

Според сопранистката и коуметничка директорка Дешира Ахмети, фестивалот има потенцијал да стане значајна регионална културна платформа.

-Создаваме фестивал кој ќе ги поврзува врвните уметници, младите таленти и публиката. Нашата цел е секое следно издание да носи нов квалитет, нови соработки и уште посилно меѓународно присуство. Уверена сум дека „Чаршија“ ќе стане препознатливо име на културната мапа на регионот, вели Ахмети.

Уметничката директорка Инва Мула оцени дека историскиот амбиент на Старата скопска чаршија претставува исклучителна сцена за класичната музика.

-Фестивалот „Чаршија“ носи идеја која ме инспирира уште од самиот почеток – класичната музика да стане дел од живото културно ткиво на простор кој со векови ги поврзувал луѓето и културите. Верувам дека ова прво издание е почеток на една долгорочна и успешна приказна, порачува Мула.