Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Пожари и штети од невремето има и во Свети Николе и Пробиштип

Дождот и силниот ветар кој носеше се пред себе направи штети и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дождот и силниот ветар кој носеше се пред себе направи штети и во општините Свети Николе и Пробиштип. Поржарникарите од ТППЕ-Свети Николе информираат дека имале неколку интервенции за време на невремето.

-По силното невреме кое го зафати Свети Николе и Овчеполието во 17.46 часот интервенирано е со едно противпожарно возило на запалена трева и ниска вегетација во село Црнилиште, Свети Николе, а со три противпожарни возила  на запалена трева, ниска вегетација во селата Сарамзалино и  Аџиматово при што беше зафатена и дел од стреа на куќа-соопштуваат од ТППЕ-Свети Николе.

Пожарникарите во 19 часот со четири противпожарни возила интервенирале и на патниот правец Свети Николе – Овче Поле, улицата ,Сутјеска” во Свети Николе и во градскиот парк, каде што од силниот ветер биле откорнати и паднати дрвја на патот, врз куќа и на други јавни површини. 

Реклама

-Патниот правец Свети Николе – Овче Поле е целосно расчистен и прооден. Апел до сите возачи: Возете внимателно при користење на патниот правец Свети Николе – Овче Поле, бидејќи сè уште постои опасност од паѓање на нестабилни дрвја и гранки на коловозот-велат од ТППЕ-Свети Николе.

Апелираат до граѓаните и да не се движат во непосредна близина на објекти, дрвја, бандери и други потенцијално небезбедни конструкции, бидејќи по невремето сè уште постои опасност од нивно паѓање или оштетување.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека по силното невреме што попладнево ја зафати Општината  веднаш се активирани Општинскиот кризен штаб и сите надлежни институции.

-Екипите се веќе на терен и преземаат интензивни активности за расчистување и санирање на последиците од силниот ветер и невремето, со цел што побрзо нормализирање на состојбата.Ги повикуваме сите граѓани кои имаат потреба од итна интервенција или сакаат да пријават штета и опасност да се јават на единствениот број за итни случаи 112, со цел навремена реакција на надлежните служби-вели Тоневски.

Тој порача дека екипите на општина Пробиштип, заедно со сите надлежни институции, останува на терен и ќе продолжи редовно да ја информира јавноста за понатамошните активности и развојот на состојбата.