Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба час поскоро да разберат дека лагите кои ги кажуваат за Гостивар се на нивна штета

Со денови сведочиме како СДСM на Венко Филипче и неговите другари, шират…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со денови сведочиме како СДСM на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на прес-конференција.

Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во Гостивар е на друштвото СДСM, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лиман е кадар токму на оваа дружина.

Значи, како што им укажуваме на погоре наведеното извесно време ќе им повториме и во оваа прилика дека одговорност треба да побараат во своите редови, за почеток кај личноста кои тие ја кандидираа на локалните избори.

Реклама

За нивно добро е час поскоро да разберат дека повторувањео на лаги секој ден е на нивна штета. Политики поени со лаги не се добиваат.

Во меѓувреме, на санирање на штетата во Гостивар се работи деноноќно, се овозможува технички исправна вода која се користи за лична хигиена и хигиена во домаќинствата, а неделава или кон крајот на неделава се очекува во Гостивар да има и бездна вода за пиење.