Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Петрушевски: Додека СДСM се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Венко Филипче и актуелното раководство на СДСM немајќи идеи што да прават…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и актуелното раководство на СДСM немајќи идеи што да прават ги користат актуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции.

Колку за илустрација, деновиве излегоа и со информација дека и водата во Валандово не била безбедна за пиење. Но, вонредните анализи покажаа нешто сосема спротивно од тврдењето на СДСM.

Реклама

И не само тоа се виде и колку СДС кога биле власт во Валандово не работеле, односно дека во тој период не се правеле ниту редовните анализи на квалитетот на водата кои се прават два пати годишно.

Им порачуваме на СДСM да бидат мирни, бидејќи во моментов надлежните си ги реализираат соодветно активностите, а за тоа говорат и фактите.

Бројката на граѓани во Гостивар, кои бараат лекарска помош во здравствените установи се намалува, а деновиве граѓаните ќе имаат и технички исправна вода или вода која може да се користи за миење, санитарни потреби и одржување на домаќинствата. Кон крајот на следната недела пак, според проценки на надлежните треба да имаат и вода со соодветен квалитет за пиење.

Тоа што е важно за граѓаните е дека се прават максимални напорни за стабилизиање на ситуацијата во Гостивар, а тоа што СДСM се јавува со прес конференции на кои дели совети, а често и лаже треба да разберат дека е на штета на нив.

 Рејтинг не се прави со лаги!