Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Патот Македонски Брод – Скопје, преку Резерватот „Јасен“, останува пуста желба за поречани

   Многуте добиени ветувања, но и силните надежи на поречани дека до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   Многуте добиени ветувања, но и силните надежи на поречани дека до главниот град конечно ќе патуваат за двојно пократко време отколку сега, и годинава паѓаат во вода. Изградбата на Регионалниот пат преку Резерватот „Јасен“, а кој со години е во очајна состојба, си останува пуста желба на жителите, урнисувајќи го севкупниот развој на Поречието. „Иако сме на само 50-тина километри воздушна оддалеченост од Скопје, заради незаинтересираноста на Владата да го направи овој пат, ние се чувствуваме како отсечени од цивилизацијата“, вели градоначалникот на Македонски Брод. „Жителите масовно се иселуваат, потенцијалните инвеститори бегаат, а додека пак оние кои веќе се нашле тука, мака мачат како да опстанат“, додава тој.

  „На Македонски Брод му е нанесена несомнена штета од страна на државата  со изградба на Резреватот „Јасен“. Благодарение на тој Резерват со години и со децении е запрен развојот на општина Македонски Брод. Владата на РМ нема сенс и се’ уште не сме влезени ниту во Програма за изработка и реализација на тој пат“, рече Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод.

  Но, и покрај ова, ЛС и поречани, дури и оние иселените, не се откажуваат. Вршат административни притосоци, а често и протестираат. Засега барем успеале да го зголемат бројот на термини за наизменичното поминување на овој пат низ Нациноалниот парк „Јасен“, кој е долг околу 7 км, широк само 2,5 метри и е во очајна состојба.

Реклама

   „Сега имаме четири термини од едната страна, три термини од другата страна, така што само термините се почести, инаку сето друго е исто“, – објаснува градоначалникот Ристески.

  „Наместо да стигнуваме за 80 км во Скопје, ние сега патуваме по 200 км“, вели градоначалникот и додава дека овој пат им бил ветуван уште од 2002 година.

     Инаку, Резерватот „Јасен“, освен диви животни, срни и елени за лов на  ексклузивни ловци од државава и странствo, крие и воени објекти, изградени уште од бивша Југославија. Објектите се дел од воените капацитети и една од можните локации каде би бил сместен државно-воениот врв и од каде што би командувал во евентуални воени услови.

Каролина Дурло