Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Панов: Вториот протокол со Бугарија беше услов за францускиот предлог

Без вториот билатерален протокол за Македонија немаше да има ниту француски предлог.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без вториот билатерален протокол за Македонија немаше да има ниту француски предлог. На брза лента во Собранието на слепо се гласаа барањата 5+1 со обврзувачки датуми, со што, Бугарија се што услови си стави на хартија, а македонската влада се обврза да го исполни. За историчарот Митко Панов, неспорно е дека протоколите со Бугарија се дел од преговарачката рамка, а со тоа и Договорот за добрососедство, иако власта сега се обидува да прикаже спротивно.   

  • Се што досега побара Бугарија, оние 5+1 барање, веќе се исплементирани во Протоколот што всушност е анекс на Договорот за пријателство и добрососедство. И се што е таму пропуштено да се нотира, сега се нотира преку вториот билатерален протокол. И таму исто така, се дава мандати на комисијата, за разлика од Договорот за добрососедство.. Што значи дека сите барања се интегрирани и стануваат дел од преговарачкиот процес, наспроти тоа што политичкото раководство сега се обидува да го претстави пред јавноста“ вели Митко Панов, историчар, Институт за национална историја.  

И не само дел, македонската историја стана услов од преговарачката рамка со Унијата, вели Панов. А дека работата на мешовитата историска комисија станува индикатор за тоа до каде се добрососедските односи, одвен Бугарија, не потсетува и Европската Унија. Извештајот на Советот, децидно вели Панов, ни укажува дека треба да ги реализација на договорите со Грција и Бугарија.  

  • Во заклучоците на ЕУ, во точка 2, посебно се нотира, дека на патот на Македонија кон ЕУ, Советот потсетува на важноста на постигнување видливи резултати и спроведување на добра волја на билатералните договори, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија. Значи  Договорот со Бугарија е клучниот фактор кој што ќе се проценува дали Македонија ги задоволува критериумите односно дали ќе биде Бугарија задоволна“ вели Панов.

Настапот на Османи со таблата едноставно како манипулација го оценија повеќе експерти, дипломати, новинари.. Големи беа и реакциите дека во моментов македонскиот народ не ги носи одлуките за своите идентитетски прашања, кои се услови во потпишување штетни договори за Македонија.

Реклама

https://youtu.be/G1BLPV_w07I