Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе истрага против виш референт за шалтерски услуги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе истрага против виш референт за шалтерски услуги во прилепскиот Центар за вработување, осомничен дека во период од три месеци побарал и примил поткуп од 18.000 денари од корисник на социјална помош, ветувајќи му дека нема да му биде укинат надоместокот и дека неговата сопруга ќе биде евидентирана како активен барател на работа. Осомничениот бил приведен при примопредавање на последниот износ, а обвинителството предложи да му биде определен притвор.

Осомничениот, се товари дека сторил кривично дело – Примање поткуп предвидено во член 357 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, во периодот од 23 април до 24 јули годинава, како службено лице – виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Прилеп, побарал и примил поткуп во вкупен износ од 18.000 денари од лице од селото Бело Поле, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши и за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши – стои во соопштението од Обвинителство.

Реклама

Оттаму дополнуваат дека откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на социјална помош, на 23 април добиле СМС порака од Агенцијата за да се јават на обука за работа, осомничениот му рекол на оштетениот дека доколку ја одбие обуката ќе му ја укинат социјалната помош. За тоа да не се случи, побарал од оштетениот да му дава половина од социјалниот надоместок – паричен износ по 6.000 денари. Исто така осомничениот му ветил дека ќе ја евидентира неговата сопруга во електронскиот систем на Агенцијата како активен барател на работа, иако таа немала контролен картон и не го доставувала во Центарот на увид.

– Следниот ден, оштетениот во канцеларијата му однел 4.000 денари, а потоа уште 2.000 денари и продолжил месечно да го исплаќа. При предавањето на последниот износ од 6.000 денари на 24 јули, полициски службеници ги пронашле и одзеле банкнотите од осомничениот, а тој веднаш бил приведен – дополнуваат од ЈО.