Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Охрид го сочува статусот, УНЕСКО бара конкретни резултати

Изградба на системи за отпадни води, управување со отпад, слабости во просторното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на системи за отпадни води, управување со отпад, слабости во просторното планирање и недоволна контрола врз нелегалните градби – овие предизвици за Охрид Македонија доби шанса во следните години да ги реши, ако сакаме балканскиот Ерусалим да остане под капата на УНЕСКО. Комитетот за светско наследсво во Бусан порача дека, ова го го бараат уште од 2016 година. Засега е избегнато најцрното сценарио.  

Унеско Секретаријат “Комитетот уште од 2014 година постојано ја разгледува состојбата и изразува сериозна загриженост поради: големи инфраструктурни и развојни проекти, урбанизацијата, слабостите во просторното планирање, несоодветните интервенции, загадувањето и еутрофикацијата на езерото, големите инфраструктурни проекти. Токму опоради тоа и во 2019, 2021 и 2025 година бешепрепорачано Охридскиот регион да биде ставен на листата на светско наследство во опасност”

Светскиот центар за наследство потсети дека во претходната одлука веќе било оценето дека условите за впишување на листата на загрозено наследство биле исполнети.

Реклама

IUCN:„ Екосистемот на езерото останува особено ранлив. Урбанизацијата, развојот поврзан со туризмот и инфраструктурните проекти создаваат сè поголем притисок врз чувствителните живеалишта. Прашањата кои доведоа до претходните препораки за впишување на листата на светско наследство во опасност остануваат нерешени.“

Години наназад се нотираат истите предизвици.

ИКОМОС: “Недоволните активности за заштита доведоа до континуирано влошување на вредностите поради кои Охридскиот регион е впишан на Листата на светско наследство. Во Македонија и натаму постојат слабости во урбанистичкото планирање, а влијанијата од веќе одобрените градежни проекти не се соодветно третираат. Еден од примерите е изградбата на туристички комплекс во Горица Север, во непосредна близина на Студенчишкото Блато, што негативно влијае врз ова заштитено подрачје и врз квалитетот на еден од ретките сè уште делумно сочувани делови од регионот. И во Албанија продолжуваат сериозни закани”

Турција предложи амандман со кој побара дополнителен период за двете држави да ги спроведат корективните мерки. Заканите се сериозни, но дека треба да се земат предвид и преземените обврски и институционалните чекори.Амандманот предвидува двете држави да достават заедничка рамка на мерки до 1 февруари 2029 година, по што би следела нова мониторинг мисија.