Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Општина Ѓорче Петров обезбедува бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година, најави на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Секое прваче, како што вели во објавата, ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование.

-Првиот училишен ден е еден од најважните моменти во животот на секое дете. Наша обврска е да создадеме услови секое прваче безгрижно и со насмевка да зачекори во училишните клупи. Затоа, континуирано инвестираме во образованието и во мерки што им помагаат на децата и на нивните семејства – истакна Стојкоски.

Реклама

Со оваа мерка, додаде, општината уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање еднакви можности за сите ученици и обезбедување квалитетни услови за нивниот образовен развој.