Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Општина Кисела Вода: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината и Градот Скопје, што е клучно кога станува збор за реализација на големи проекти од суштинско значење за инфраструктурата, соопштија од локалната самоуправа.

Проектот предвидува поврзување на „Димо Хаџи Димов“ со кружниот тек пред „Припор“.

– Со воспоставување на оваа нова сообраќајна врска, значително ќе се растовари сообраќајниот притисок во овој дел од градот, овозможувајќи побрзо и побезбедно движење на возилата, како и намалување на времето на чекање на семафорите кај крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, кај бензиската станица „Мечкаров“ – се додава во соопштението.

Реклама

Според градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, со пробивањето на улицата „Димо Хаџи Димов“  и поврзувањето со кружниот тек кај Припор, директно се решава еден од клучните сообраќајни проблеми во овој реон.

– Соработката со Град Скопје е од суштинско значење кога работиме на вака големи и значајни инфраструктурни зафати кои го олеснуваат секојдневното движење на жителите во нашата општина. Наскоро овозможуваме почеток на реализацијата на овој проект и на терен, со што покажуваме дека сме целосно фокусирани на реални решенија кои значат подобра и пофункционална Кисела Вода – смета таа.