Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Одложена координативната средба на опозициските партии за Изборниот законик поради неприсуство на СДСМ

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, за МИА потврди дека е одложена координативна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, за МИА потврди дека е одложена координативна средба на опозициските партии во Собранието што беше најавена за денеска, иницирана од нивната партија заради усогласување заеднички став за измените на Изборниот законик.

Крмов потенцира дека средбата е одложена поради неприсуство на претставник од СДСМ, но и дека не се знае дали би одржале друга средба без некој преставник од опозициските партии.

– За друга средба и за тоа дали би одржале без некој претставник од другите опозициски партии (дали СДСМ или некој друг) – не можам да кажам. Не сме разговарале – рече Крмов за МИА.

Реклама

Рокот за донесување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда, е до 15 јули.

Скопје, 23 ноември 2020

Политичката партија Левица остро реагира на одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да не учествува на координативниот состанок на опозициските партии, кој Левицата најави дека ќе го иницира за усогласување заеднички став за измените на Изборнит законик.

– Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија, која иницира координација на опозицискиот блок за суштинска реформа на Изборниот законик – се наведува во соопштението од Левицата.

Одбивањето на координација, велат од Левицата, е директно пропуштање на можноста власта да биде обврзана да прифати заеднички опозициски став. Посочуваат дека особено симптоматично е што партијата која со години тврдеше дека се залага за една изборна едница досега одбива дури и да седне да разговара за таква реформа.

– Ако и понатаму се за една изборна единица, тогаш што ги спречува да учествуваат во разговорите? Ако повеќе не се, нека имаат доблест да им го кажат тоа на своето членство. Неодговорно е што ваквиот пристап ги продлабочува поделбите меѓу опозициските субјекти токму во момент кога постои реална можност за заедничко дејствување. СДСМ со своето одбивање не ја казнува, туку ја пропушта можноста опозицијата да настапи усогласено и да издејствува подобри изборни правила – се вели во соопштението на Левицата објавено на нивниот официјален фејсбук-профил.

null

Пратеникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска во изјава за медиумите истакна дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада.

– Гледаме спротивни реакции на опозицијата денеска, иако требаше да се одржи средба за изборниот законик. Тука доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. Со месеци се преговараше, над четири месеци, па кога требаше да се преформската агенда. По четири месеци секојдневно работење и во Министерството за правда и во комуникациите помеѓу Собранието, сега гледаме дека се бараат експертски расправи итн., всушност укажуваме дека, најверојатно, постои договор меѓу опозициските партии овој закон да не биде донесен – рече Стојаноски. 

Го повтори ставот на владината коалиција дека ќе прифатат сè за што опозициските партии ќе се договараат сè додека во тоа законско решение е вклучено и гласањето на дијаспората.

Исплашен од изборен пораз, Христијан Мицкоски се обидува да ја внесе државата во политичка криза. 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вчера соопшти дека партијата  нема да учествува на координативниот состанок на опозициските партии, кој Левицата најави дека ќе го иницира. Според СДСМ, станува збор за театар за јавноста и игра на власта.

– СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози. Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава – посочија вчера од СДСМ.