Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.

Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска не бил пријавен во надлежните институции.

Шефицата на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу – Рамадани, за МИА изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка.

Реклама

– Случајот ќе се работи по итна постапка. Едната инволвирана е полнолетна,  додека другите две се малолетнички. Настанот се случил пред четири месеци и до денеска не сме имале пријава. Откако снимката беше објавена, веднаш почнавме да постапуваме – изјави Бедиу Рамадани.

Од СВР Куманово за МИА потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали. Видеоснимката денеска се прошири на социјалните мрежи и предизвика реакции во јавноста.