Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за намалените плати

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители, соопштуваат од ЈОРСМ.

Според реакцијата, со ваквото непостапување веќе е создаден сериозен диспаритет во статусот меѓу јавните обвинители и судиите, со што директно е засегната уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство како државен орган.

 – Уште еднаш нагласуваме дека финансиската независност претставува една од основните институционални гаранции за независно и непристрасно вршење на јавнообвинителската функција и не може да биде предмет на произволни и повторливи интервенции без објективни, јасни и уставно оправдани причини – наведуваат оттаму.

Реклама

Дополнуваат дека Уставот ја утврдува посебната положба на Јавното обвинителство како самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и други казниви дела определени со закон.

– Таквата уставна поставеност не претставува формална определба, туку суштинска гаранција дека јавните обвинители својата функција ќе ја извршуваат слободно, професионално и без влијание од која било гранка на власта – дополнуваат од ЈОРСМ.

Токму затоа, како што наведуваат, законски решенија со кои се нарушува финансиската положба на јавните обвинители мора да бидат предмет на строга уставно-судска контрола, имајќи предвид дека тие можат директно да влијаат врз институционалната независност на обвинителството и врз довербата на јавноста во неговото работење.

– Дополнително, прашањето за рамноправен третман на самостојноста на јавното обвинителство со незвисноста на судството е веќе надминато во сите модерни европски држави, за што понудивме и соодветни компаративни примери на слични одлуки и од земјите од нашето поблиско опкружување – Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора. Овој пристап е целосно усогласен со современите европски и меѓународни стандарди – стои во реакцијата.

Поради тоа, Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители очекуваат Уставниот суд, како чувар на уставноста и законитоста, да обезбеди ефикасна и навремена уставно-судска заштита на начелото на поделба на власта, владеењето на правото и уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство.

– Финансиската независност не е привилегија на носителите на јавнообвинителската функција. Напротив, секое законско решение со кое без објективни и уставно оправдани причини се обезвреднуваат примањата на јавните обвинители, неизбежно влијае врз положбата на Јавното обвинителство како самостоен државен орган и создава ризик од нарушување на принципот на поделба на власта – велат оттаму.

Од тие причини, бараат Уставниот суд да ја отстрани секоја опасност да се дозволи директна контрола на извршната власт врз Oбвинителството во конкретниот случај со манифестирање низ намалувањето на коефициентите во Законот за платите на јавните обвинители и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, бидејќи, како што посочуваат, понатаму неминовно ќе се проектира и во сите останати сегменти на јавнообвинителското работење и ќе предизвика целосно нарушување на позицијата на Јавното обвинителство во системот.