Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Безмилосен напад врз девојче опколена во ќош, удирана со шлаканици и клоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безмилосен напад врз девојче опколена во ќош, удирана со шлаканици и клоци – нов случај на врсничко насилство во Куманово. На видеото се гледа како девојчето е опколено и немоќно пред три други девојчиња.Ја удираат со шлаканици и клоци, ја кубат за коса и ја туркаат кон ѕидот, додека таа видно е во шок и не успева да се одбрани.Една од напаѓачките има 19 години.

Неофицијално, нападот се случил пред околу еден месец, а случајот дури вчера го пријавиле во СВР Куманово. Жртвата веќе е повикана на разговор во полиција. Особено вознемирува фактот што снимката најпрво била објавена на социјалната мрежа „Снепчет“ со порака: „Кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“.Случајот сега е во рацете на полицијата.

Ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово презема мерки и активности за расчистување на случајот, по што соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

Реклама

Во последните неколку недели Македонија ја потресоа низа случаи на врсничко насилство.Тепачки во училишни дворови,по паркови и улици, понижувања снимени со мобилни телефони и објавени на социјалните мрежи…

Пред десетина дена, 12 годишно момче од Шуто Оризари беше брутално претепано, а потоа и избодено со нож од четворица малолетници.

Претходно, во скопски Аеродром, ученичка од седмо одделение беше тепана, влечена за коса и понижувана, додека други малолетници го снимаа насилството наместо да помогнат.Овој случај го расчисти МВР каде кривични пријави добија четири малолетници и пет родители.

Инаку, бројките покажуваат дека ова не се изолирани случаи. Според последните истражувања, речиси секое четврто дете, односно 23 проценти од младите на возраст од 13 до 15 години, лани најмалку еднаш биле жртви на врсничко насилство.