Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Нов скандал на Меѓународниот универзитет во Тетово: Вработен им земал пари на студентите за пријавување семестар и си ги ставал в џеб

Нов скандал на тетовскиот Универзитет. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов скандал на тетовскиот Универзитет. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Тетово против вработен на тамошниот Меѓународен универзитет, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување исправи.

Според соопштението, пријавениот А.З., кој работел како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, во периодот од март 2020 до февруари 2023 година, ги злоупотребил своите службени овластувања со цел да се стекне со противправна имотна корист.

Од Финансиската полиција тврдат дека, наместо паричните средства што студентите му ги доверувале во готовина за плаќање на партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање да ги уплати на сметката на Универзитетот преку системот „И-пеј“, тој ги присвоил за себе.