Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Економија

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово  вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата Фејсбук-страница.

– На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој – додава Николоски.

Тој истакнува дека со овој автопат, патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3 – 3,5 часа. Тоа значи, се нагласува во објавата, многу повеќе бизнис и туристи за цел регион.

Реклама

– Ова е најдолгата поединечна делница – автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е веќе следната година, сообраќајот да се одвива по една коловозна лента. Овој автопат ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија. Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија и затоа инвестираме во модерна инфраструктура, што ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и нови перспективи за идните генерации. Ја градиме Македонија – се додава во објавата на Фејсбук.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: