Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Не е Бугарија толку силна, колку што е Македонија слаба – недостатокот на реформи како ветер во грб на ветото

Не е Бугарија толку силна, колку што е Македонија слаба. Тоа што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не е Бугарија толку силна, колку што е Македонија слаба. Тоа што државата тоне во корупција и криминал, лошата економска состојба, целосниот недостаток на реформи за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, се хендикеп кој Бугарија многу вешто го користи за да ја истурка својата агенда. Доколку Македонија на овие полиња имаше напредок, рацете на Софија ќе беа врзани, па дури и дел од нашите сојузници меѓу земјите членки ќе можеа да извршат притисок врз Бугарија да го крене ветото, велат дел од аналитичарите.

Според универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски факт е дека постои отпор во Унијата кон проширувањето, и тоа посебно со држави кои не можат да го следат ниту она што значи основен Европски стандард, па затоа ветото на Бугарија им доаѓа како порачан изговор за да се забави процесот.

Укажувањата кои доаѓаат и отоворено од некои европски држави, јасно става дознаење дека постои отпор во Унијата кон проширувањето, а посебно со држави кои не можат да го следат ниту она што значи станадрд на ЕУ, ниту што значи политички критериуми кои би требале да се исполнат.  Очекувањата на власта дека 2030 година е година кога ќе се приклучиме на европското семејство е далеку од реална, и самата власт функционеира на нереални очекувања и нереални желби, а ветото на Бугарија оди само во прилог на она што значи забавен процес на проширување на Унијата, вели Јанкуловски.

Реклама

Јанкуловски посочува дека корупцијата е најголемиот проблем заради кој Македонија се уште не може да мрдне од мртва точка.

Процесот на проширување ако постојат, што би рекла власта, позитивни сигнали во тој контекст, далеку е од тоа дека ќе бидеме брзо преговарачи, следејќи ја и состојбата во Македонија, со владеење на правото и во поглед на она што значи висок степен на корупција, далеку сме од било какви можности дека набрзо ќе станеме дел од ЕУ, вели Јанкуловски.

Повеќе пати дел од аналитичарите, предупредуваа дека уставните измени не се единствената причина за рампата на Македонија на патот кон Унијата, дури и да ги вметнеме бугарите во Уставот, правилата на ЕУ се јасни, дека услоласување со нивните стандарди и прописи мора да има, а тоа значи и нулта толеранција за криминал и корупција, што со последните закони за измени на КЗ, закон за аменстија и помилување, како и низата на скандали со непотизам, тендери, договори во четри очи и сл, е далеку од она што го бара Брисел.