Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Народната банка е чекор поблиску до воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики со поддршка на ЕУ

Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“.

Како што информираат од Народната банка, првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ опфаќала пред сѐ анализа на постојната состојба и подготовка на функционална спецификација, а втората фаза се однесувала на изработката на дизајнот на ИТ-решението и на нацрт-документот. Следните фази од проектот ќе вклучуваат развој, тестирање и воведување на новото системско решение.

-Проектот финансиран од ЕУ ќе овозможи воспоставување современ склад на податоци за потребите на екстерните статистики, унапредување на интерните работни процеси преку нивна понатамошна дигитализација и оптимизација, зголемување на оперативната ефикасност, како и обезбедување поквалитетни, посеопфатни и подостапни статистички податоци за јавноста и институциите. Истовремено, поддршката од ЕУ претставува важен придонес за исполнувањето на обврските во процесот на европска интеграција и за понатамошното усогласување со статистичките стандарди и практики на Европската Унија, велат од Народната банка. 

Реклама

Проектот финансиран од ЕУ за „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“, покрај воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики, вклучува и компонента за усвојување на новиот светски стандард ISO 20022 во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС).