Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Мултимедијална изложба „Трага во времето“ посветена на Националниот џез-оркестар во рамките на Скопско лето

Мултимедијалната изложба „Трага во времето“ ќе биде отворена утревечер во 20.30 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мултимедијалната изложба „Трага во времето“ ќе биде отворена утревечер во 20.30 часот во автентичниот амбиент на Музејот на град Скопје во рамките на годинешното издание на манифестацијата Скопско лето.

Поставката е посветена на десетгодишниот пат на Оркестарот за џез-музика на Македонија како национална установа. Според најавата, предвиден е и концертен настап на Џез-оркестарот.

– Оваа изложба е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија. Преку автентични фотографии, материјали и приказни поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез-оркестар – пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни моменти. Вашето присуство ќе ни претставува исклучително задоволство и ќе му даде посебно значење на овој јубилеен чин, со кој ја славиме културната трага во времето – стои во објавата на Националниот џез-оркестар.

Реклама

Националната институција е формирана на иницијатива на Здружението на џез-музичарите (ЗЏМ), кое со својот Биг бенд во изминативе години постигна голем успех во државата, регионот и Европа. Со своите концерти пополни голема празнина во овој дел на музичката култура во Република Северна Македонија.

Преку оваа установа, како што стои на официјалната веб-страница на Националниот џез-оркестар, се негуваат талентираните џез-музичари, кои работат во државата и им се овозможува траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела и да ја афирмираат џез-културата, како и да ја популаризираат македонската џез-музика.

Со оглед на празнината што ја имаше државата со непостоењето ревиски оркестар, оваа установа ќе се грижи за подобрување на музичката продукција, ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез-фестивали и настани, кои ќе помогнат во негување на џез-културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации, кои ја негуваат истата дејност.

Оркестарот на Здружението на џез-музичарите веќе се имаше докажано како врвен ансамбл на ниво на светските стандарди, а како национална установа ќе продолжи да го одржува и подобрува нивото. Примарна функција останува концертната дејност, како и организирање работилници и други музички изведби, со кои ќе настапува дома и во странство, а ќе продолжи со вмрежување со европски и со светски сродни институции според практиката што веќе е утврдена – наведуваат од оваа национална установа.

Здружението на џез-музичарите од 2024 година официјално доби статус на национална институција.

Влезот за изложбата е слободен.