Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството 

Зголемената финансиска поддршка во земјоделството со ребалансот на Буџетот предвидува директни плаќања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемената финансиска поддршка во земјоделството со ребалансот на Буџетот предвидува директни плаќања наследени од претходната Влада, информира премиерот Христијан Мицкоски.

По извршениот увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти во Делчево, одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека наследиле неисплатени двегодишни програми како директна поддршка за земјоделците, како и неисплатени плати во АД Водостопанство, Национални шуми, долгови, празни акумулации…

– Денес платите се исплатени, тие што заостануваа, и веќе со ребалансот планираме да ги завршиме директните плаќања од 2025-та. Значи, ние плаќавме од 21-ва, 22-ра, 23-та, 24-та како тековна година за заостанати плаќања и сега со овој ребаланс, односно со средствата коишто се предвидени планираме да ја затвориме и 2025-та, а веќе пријавувањето за субвенции за 2026-та е отпочнато, истакна Мицкоски.

Реклама

Посочи дека се соочувале со предизвик во Агенцијата поради екстерен хакерски напад, но оти и тоа се надминувало.

– Очекувам дека веќе системот од утре-заутре ќе биде повторно во функција за да можеме да продолжиме и со 2026 година. Со други зборови, од двегодишни програми со коишто заостанувавме, сега веќе полека, но сигурно, го фаќаме редот за да бидеме во тек, рече премиерот Мицкоски.