Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Економија

Мицкоски: Капиталните инвестиции со ребалансот се зголемени од 39 на 47 милијарди денари

Капиталните инвестиции во овој ребаланс на Буџетот се зголемени од 39 милијарди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Капиталните инвестиции во овој ребаланс на Буџетот се зголемени од 39 милијарди денари, колку што претходно беа предвидени, на цели 47 милијарди денари – истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната пленарна седница.

Тоа, како што кажа, се должи токму на реализација на капитални проекти во сите институции. 

– Од автопатските секции, преку програмата за финансирање на општините каде дополнително се обезбедени околу 2 милијарди денари, преку обезбедени дополнителни пари за пречистителни станици како скопската, битолската, тетовската преку Министерството животна средина. Тоа се сѐ проекти коишто се реализираат и токму тоа е причината за зголемени буџетски дефицит од 3,5% на 4,1%, бидејќи имаме за 7 милијарди денари повеќе капитални инвестиции споредено со тоа што беше претходно – објасни Мицкоски.  

Реклама

Ние денеска, додаде тој, зголемуваме буџетски дефицит не поради субвенции, не поради социјални трансфери, плати, пензии, туку поради капитални инвестиции, нешто што на времето беше невозможно, затоа што немаше капацитет и проектен менаџмент.

– Сега кога конечно имаме капацитет, имаме проектен менаџмент. И во таа состојба ние сме обвинети дека сме го зголемиле буџетскиот дефицит. Да имаме седум милијарди денари зголемени социјални трансфери, па да речеме безмилосно се трошат парите и заради тоа е буџетскиот дефицит. Ама не е така, и тоа во услови на криза, во услови кога два месеци имавме намалено ДДВ, кога имавме повеќе од три месеци намалени акцизи, во услови на најголемата енергетска криза којашто човештвото ја памети. И повторно, ние во овој ребаланс на Буџетот немаме никаков проблем да обезбедиме средства, да обезбедиме проектен менаџмент и да ги реализираме тие капитални инвестиции – рече Мицкоски во врска со обвинувањата од опозицијата за ребалансот.

Во однос на реализацијата на капиталните инвестиции, Мицкоски наведе периоди за големите инфраструктурни проекти.

– Јас очекувам еве најдоцна октомври месец, нека биде пролонгирањето максимум ноември, веќе да ја користиме делницата од Извор, кичевско, до Врбјани, каде што ќе се поврземе со веќе пуштената делница и првиот квартал следната година да можеме сите да ја возиме делницата од Кичево до Охрид, целосно да ја возиме, целосно да биде функционална таа делница. Во првата половина следната година да можеме да ги возиме првите 10 километри од автопатот Прилеп-Битола. Да напредува реализацијата на автопатот Тетово-Гостивар-Букојчани и да отпочнат до крајот на годината градежните работи на автопатот Букојчани, поврзување со таканаречениот автопат Кичево- Охрид – рече Мицкоски.

Наведувајќи ги капиталните инвестиции, премиерот Мицкоски откри и дека после многу децении, македонска компанија добила проект да гради автопат, а тоа е делницата Блаце – Скопје.

– Во август месец почнуваме со Блаце-Скопје. Градежната компанија „Гранит“, после не знам колку децении македонска градежна компанија добива да гради автопат во Македонија финансирано од европски заемодаватели – рече премиерот Мицкоски.