Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Здравство

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

Нов предизвик за водата во Гостивар. Фекалните колиформни бактерии повеќе не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов предизвик за водата во Гостивар. Фекалните колиформни бактерии повеќе не се присутни, но анализите открија нов микроорганизам во водоводната мрежа. Причината,според надлежните, е тоа што инсталацијата долго време не била користена, што создало услови за развој на бактерии. Додека траат дополнителните анализи и мерки, граѓаните очекуваат брзо и трајно решение за да можат нормално да функционираат и да имаат безбедно водоснабдување.

„Во овој момент водата во Гостивар останува да се користи како техничка, без да има насоки за да биде користена за пиење и за готвење. Во инсталацијата веќе ги нема оние фекални колиформни бактерии, но се појави нова резидуална бактерија која е присутна поради тоа што долго време инсталациите не биле користени, па сега со прочистувањето и со хиперхлорирањето се појавува во нив,“ соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски бара одговорност и тврди дека проблемот со водоснабдувањето не е од вчера.Според него, уште во 2021 година, кога со Министерството за здравство раководел Венко Филипче, биле пријавени повеќе од 400 случаи поврзани со проблеми со водата во Гостивар, но, како што вели, никој не реагирал.

Реклама

“Jас го повикувам Обвинителството, еве одовде, од Делчево, да ги провери овие наводи за коишто сега зборувам и да отпочне постапка зошто овие луѓе, кога имале можност, не преземале ништо и не го заштитиле здравјето на гостиварци. Но, не само на гостиварци, туку и на граѓаните во другите општини” вели премиерот Мицкоски.

Во меѓувреме, министерот за здравство вели дека ако се тече според планот, до крајот на неделава од чешмите во Гостивар ќе протече безбедна вода за пиење и готвење. Дотогаш експертите продолжуваат со испитувањата,сепак, поскедната одлука ќе зависи од  лабораториските анализи.

„Сметаме дека настанува смирување на состојбата со епидемијата, до формален крај би дошле кога веќе нема да има случаи поврзани со градскиот водовод, според направените епидемиолошките анкети. Ваквото подобрување е поради очистување на водата и оспособување како техничка. До крајот на неделата се очекува водата да се користи и за пиење, односно кога сите чешми ќе бидат негативни, тогаш  ќе се доволи за пиење и готвење“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.

Инаку, здравствените власти воведуваат засилен надзор за да се спречи појава на заразна жолтица. Алармираат до матичните лекари и здравствените установи во Гостивар да се стави фокус на рано детектирање на симптомите кај граѓаните, а уверуваат дека се подготвени и за брзо тестирање и соодветен третман.

Лекарите велат дека тестовите кај најголемиот дел од пацинетите покажуваат дека е присутна бактеријата ешерихија коли, а кај дел се присутни и паразити.