Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Мицкоски: Владините мерки носат импресивни резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости

Владините мерки и владината иницијатива за привлекување туристи носат резултати, а туризмот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владините мерки и владината иницијатива за привлекување туристи носат резултати, а туризмот бележи раст од 40 отсто кај странските гости – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со досегашните резултати од туристичката сезона.

Мицкоски нагласи дека овој раст е забележан и од Светската банка во последното издание на Tourism Watch, односно во извештајот објавен во јуни.

– Владините мерки и владината иницијатива за привлекување туристи носат резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем, го нотира Светската банка во Tourism watch во последната едиција од овој извештај, објавен во јуни 2026 година, каде што ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40 отсто во споредба со претходната година – рече Мицкоски.

Реклама

Премиерот нагласи дека ова е големо признание и оти очекува сето ова да се забележи во бруто-домашниот производ во вториот квартал од годината.

– И тоа е за нас големо признание, особено што тоа учествува во бруто-домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи таму во вториот квартал од оваа година – нагласи Мицкоски.