Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Министерството за енергетика објави јавен повик: со 30.000 денари субвенција за приклучок или котел на природен гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги повика граѓаните да ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги повика граѓаните да ја искористат можноста за државна финансиска поддршка преку јавниот повик за субвенционирање приклучување на природен гас и набавка на котел на гас.

Со мерката, како што соопшти Министерството, домаќинствата може да добијат субвенција до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас или за набавка на котел на гас.

Министерството потсетува дека рокот за поднесување на барањата е 31 октомври 2026 година, а сите заинтересирани граѓани, кои ги исполнуваат условите, имаат доволно време да ја искористат оваа можност.

Реклама

– Со оваа мерка државата не само што им помага на семејствата да ги намалат сопствените трошоци за инвестиција туку придонесува и за поголема енергетска ефикасност, користење почист енергент и подобрување на квалитетот на животната средина – се наведува во соопштението.

Право на финансиска поддршка имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства што ќе набават котел на природен гас за објект што бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. За едно домаќинство може да се поднесе едно барање.

За оваа мерка се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат во согласност со условите од јавниот повик. Средствата ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен, сè до нивно исцрпување. Повеќе информации има на интернет-страницата на Министерството – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-oglas-za-nadomestuvanje-na-del-od-trosocite-za-izvedba-na-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-vo-rsm-ili-za-nabavka-na-kotel-na-gas-na-izvrsen-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-oktomvri

По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе им биде исплатена на сите корисници што ги исполнуваат пропишаните услови.

Министерството ги повикува сите граѓани што планираат приклучување на природен гас или набавка на котел на гас да не ја пропуштат можноста за државна поддршка и навремено да ја поднесат потребната документација.

– Поддршката на граѓаните останува еден од приоритетите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку конкретни мерки и субвенции Министерството продолжува да спроведува политики што носат директни придобивки за домаќинствата, ги намалуваат трошоците за енергија и го забрзуваат преминот кон поефикасни и поодржливи решенија за греење – се наведува во соопштението.