Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Министерството за енергетика воспоставува систем за сајбер безбедност, заштитата на институциите значи стабилна и безбедна држава

Во услови кога сајбер заканите стануваат сѐ пософистицирани и почести, Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови кога сајбер заканите стануваат сѐ пософистицирани и почести, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Амбасадата на САД презема сет мерки за заштита од потенцијалните закани врз eнергетската инфраструктура, соопшти МЕРМС.

На денешниот состанок во Министерството, се дискутирало за конкретни активности со цел воспоставување на Energy CSIRT (Computer Security Incident Response Team) во рамките на Министерството, како секторски тим за сајбер безбедност во енергетиката.

На состанокот присуствувале претставници на Министерството за дигитална трансформација, како и претставници на институции од енергетскиот сектор: МЕПСО, ЕСМ, ЕВН, НОМАГАС, МЕМО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Како претставник на Амбасадата на САД бил присутен Кристијан Доршнер, како и Методи Хаџи-Јанев, претставник на CRDF Global и Стивен Њутон, советник за сајбер безбедност на Министерството за дигитална трансформација.

Реклама

-Енергетската безбедност и сајбер безбедноста се неразделно поврзани. Затоа, воспоставувањето на EnergyCSIRT претставува инвестиција во отпорноста, стабилноста и безбедноста на државата. Energy CSIRT претставува еден од клучните столбови за заштита на критичната инфраструктура во енергетскиот сектор. Како одговор на предизвиците во сајбер-просторот, кои се почесто се насочени особено кон енергетските системи, неопходно е да изградиме механизам кој ќе овозможи навремено откривање, координиран одговор и ефикасна размена на информации за сајбер инциденти – било истакнато на денешниот состанок.

Како подгранка на владиниот CSIRT, EnergyCSIRT ќе го координира одговорот на сајбер инциденти, ќе врши анализа на закани и зајакнување на сајбер отпорноста на критичната енергетска инфраструктура.

На денешниот состанок било потенцирано дека на Energy CSIRT не треба да се гледа само како техничка структура, туку како платформа за соработка меѓу сите релевантни чинители – операторите на критична инфраструктура, државните институции, регулаторните тела и меѓународните партнери. Покрај воспоставувањето на Energy CSIRT, предвидено е и формирање на специјализиран OT Центар за обука, кој ќе биде посветен на развојот на човечките капацитети во областа на оперативните технологии и индустриските контролни системи.

Целта е да се воспостави платформа за координиран одговор на сајбер инциденти, размена на информации за закани и ранливости, поддршка во управувањето со инциденти, развој на стандарди и добри практики и организирање на вежби и тестирање на подготвеноста на институциите.

-Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со праксата на следење на светските трендови и добрите практики во насока на воспоставување на одржлив и ефикасен систем за сајбер безбедност во енергетскиот сектор – се додава во соопштението.