Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Министерот за финансии очекува милион евра од намалените царински давачки, кои ќе влијаеле за пониски цени

Еден милион евра се очекува да изнесува буџетската дупка со владината одлука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден милион евра се очекува да изнесува буџетската дупка со владината одлука за намалување на увозните давачки на некои видови овошје и зеленчук, но со неа, според министерот за финансии, значително ќе се влијаело на цените на овие производи. Колкави негативни ефекти врз Буџетот има укинувањето на овие давачки, Бесими рече дека клучно било намалувањето на цените, а не буџетските финансиски импликации.

  • Главната цел беше да се влијае на цените на овие производи за да бидат пониски на пазарот, а фискалните давачки не беа приоритет особено поради фактот што се работи за автономни мерки со времено траење. Сметавме дека ќе се влијае директно позитивно на пазарот затоа што вкупните давачки, и царински и даночни, за овие производи достигнуваат 65 проценти и сметавме дека таму ќе има позитивно влијание. Но, фискалните импликации се помалку поради МФН правилата на повластени тарифи, согласно Светската трговска организација во голем дел имаме нула тарифа, а во некои имаме и квантитативни мерки. Според некои првични проценки од тоа што го гледавме нема да достигне милион евра вкупниот фискален ефект од овие мерки, а во стопанството во нашата економија значително ќе влијае на цените на овие производи, изјави Бесими.

Како дојдовме до тоа дереџе да субвенционирано овошје и зеленчук се извезува, а истите трговци да увезуваат поскапо овошје и зеленчук, министерот Бесими рече дека сме либерална економија согласно Договорот за стабилизација и асоцијација.

  • По основ на тие меѓународни договори сме земја која е со слободна трговија на овие производи, вклучително и дел од земјоделските производи.  И во текот на 2021 година имавме закон со кој за голем дел од производите беа намалени царинските давачки, така што и во овој дел тоа е во однос на интеграциите. Но, во однос на субвенциите главно е поддршка на домашното производство и во рамки на меѓународни договори даваме можност со автономни мерки на пазарот да влезат производи со пониски крајни цени на потрошувачи, рече Бесими.

Претходно, бизнис заедницата на состанок одлучуваше како ќе делува по владините одлуки за замрзнување на цените на храната и пијалаците, но и кои ќе бидат следни чекори, ама од Коморите, до сега, не кажаа што оллучиле.

Реклама

Стопанствениците претходно реагираа и дека Владата не ги консултирала пред да ги донесат мерките, и дека откако стапиле на сила, за истите дознале преку медиумите.

Инаку, од инспекцијата информираа дека само деновиве, клуч на врата добиле 10 маркети, како од Скопје, така и од други градови од внатрешноста оти не ги намалиле цените. Тие треба да платат казна од над 100.000 евра.

Борис Грујоски