Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Меџити: Започнува соработката со Универзитетот „Мајка Тереза“ во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“

– Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со делегација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со делегација на Универзитетот „Мајка Тереза“, на која беа договорени следните чекори за соработка во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“. Првиот резултат од оваа соработка е организирањето на Летната школа за пливање, наменета за деца на возраст од 5 до 10 години. Наставата ќе биде бесплатна и ќе се одржува на базенот во Чаир, под водство на професори и асистенти од Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Мајка Тереза“, соопштија вечерва од Општина Чаир.

На средбата било разговарано и за проширување на соработката со нови проекти од областа на здравството, спортот и образованието, како и за текот на работите за изградба на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“.

– Инвестирањето во здравјето на децата и партнерството со образовните институции остануваат меѓу нашите приоритети. Преку оваа соработка создаваме нови можности за младите и реализираме проекти што директно придонесуваат за нивната благосостојба и иднина – се истакнува во пишаната изјава на Меџити.