Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

МВР: Од февруари до јуни со реализацијата на „Безбеден град“ за 40 отсто намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи

Во периодот од февруари до јуни оваа година бројот на загинати лица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од февруари до јуни оваа година бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 жртви во истиот период минатата година на 34 оваа година – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина.

– „Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните. Резултатите веќе го потврдуваат тоа – велат од Министерството.

Реклама

Од МВР информираат дека од почетокот на примената на системот евидентирани се над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95 отсто од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.

– Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите, туку неодговорното возење – велат од Министерството.

Од МВР посочуваат дека продолжуваат со неговата имплементација во целата држава, затоа што, како што потенцираат, нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите.

– „Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива – велат од МВР.