Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Манасиевски: СДСM, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи

СДСM, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус помеѓу политичките партии. Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, СДСM, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на прес-конференција.

Имено, потегот на Левица да се покажат како тврдокорни пред своето членство со не потпишувањето договорот за носењето на ИЗ, доаѓа откако увидоа дека рејтингот не им оди како што посакуваат, и на овој начин создаваат алиби за лошиот резултат на следните избори, и секако, прстот го вперуваат кон ВМРО-ДПМНЕ. Вистинската причина за блокирање на ИЗ е токму стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори.

СДСM пак, откако увидоа дека Левица го блокира ИЗ, и тие да не останат покуси, најдоа начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, и како што велат, гласањето на дијаспората по електронски пат, односно дека тој чин бил недемократски и неевропски. Секако и за СДСM, ВМРО-ДПМНЕ е виновно. Вистинската причина и тука е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори.

Реклама

ДУИ пак од трета страна се приклучува на блокирање на овој процес, со барање да сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот начин кој е демократски, односно мнозински модел. И тука, вистинската причина е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори.

Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажа, се она што ќе го побараат и договорат опозициските партии ние ќе го прифатиме, само да се олесни начинот на гласање на дијаспората.

Со ова однесување на опозицијата, се докажува дека за нив дијаспората и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина не им е од интерес, туку ги интересираат само партиските интереси.