Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Прилози

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Малолетниците кои возат електричен тротинет од денеска ќе си добијат казна. Оние…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малолетниците кои возат електричен тротинет од денеска ќе си добијат казна. Оние пак со над 18 години, ако возат со брзина поголема од 20 километри на час, исто така ќе бидат казнети. Забрането е и групно возење електрични тротинети. Во собранието поминаа измените на законот за безбедност на сообраќајот, со кој се прави голем чекор кон поголема безбедност на улиците. Граѓаните се запознаени со измените и казните, се надеваат дека конечно ќе се стави ред во дивеењето на младите кои секојдневно го полена полицискиот билтен со сообраќајни незгоди со овој вид возило.

„Благодарение на собранието и на владата што го спроведоа тоа, требаше и порано да се спроведе тоа“, вели граѓанин

„Не смееме да пуштиме деца воопшто по патека или вие да се движите, по двајца по тројца.“

Реклама

„Тие што возат тротинети не се баш најдисциплинирани“

На главниот скопски булевар каде секојдневно на тротинет дивееја малолетници, сликата денеска беше различна. Малолетници не забележавме, ниту некој што вози со брзина поголема од дозволената. Сепак, има граѓани кои не се согласуваат со новите законски измени.

„Многу е 18, 14 години дефинитивно“, (статистиките покажуваат дека повеќето сообраќајки се со луѓе на 16-17 години.) „не верувам тоа.“

„Не е баш најдобра срединава за возење општо и… прво тоа треба, ова е само вртење околу главниот проблем.“

„Да имаме закон некој којшто се знае каде е пешачка патека каде е за возење за тротинети.“

Предлог измените беа најавени од владата откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави загрижувачки статистики. За две години регистрирани се над 2300 сообраќајки со електрични тротинети, мопеди и мотоцикли, а во последните 6 месеци повеќе од 100 луѓе биле сериозно повредени.  Овој закон е европски чекор, во Париз тротинетите за изнајмување се целосно забранети, а за приватните треба да следат строги правила во сообраќајот. Во Велика Британија пак тие воопшто не смеат да излезат на улица. Кај нас за прекршување на новите правила, може да следат казни и до 275 евра како и одземање на „лесното електрично возило“, како што е пишано во законот.