Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Мала Преспа се попривлечна за туристите, кои се воодушевени од убавините и гостопримството

Мала Преспа станува се попосакувана дестинација за туристите, кои од година во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мала Преспа станува се попосакувана дестинација за туристите, кои од година во година ги има во се поголем број и се воодушевени од убавините и гостопримството.

-Задоволство е да се види дека Преспа сè повеќе го привлекува вниманието на странските туристи, кои избираат да ја посетат и да ги откријат нашите природни и културни богатства. Во овој период, бројни групи туристи, главно од Франција, ги истражуваат најубавите атракции на регионот, придружувани од нашите локални водичи, кои со професионалност и посветеност ја претставуваат историјата, традициите и вредностите на Преспа, рече градоначалникот Пали Колефски.

Додава дека покрај чистата езерска вода, во која може да се разладуваат но и прошетаат на организиран начин, најголем интерес има за посета на пештерската црква „Света Богородица“, манастирот „Света Марена“, островот Мал Град и многу други богатства со кои располага областа.

Реклама

-Преспа се претвора во атрактивна туристичка точка, не само поради природната убавина, туку и поради заштитените подрачја, уникатната флора и фауна, како и богатото историско и културно наследство што овој крај со гордост го чува, посочува тој.

Според него, минатата година над 100 илјади посетители го избрале ова, како што вели, од Бога благословено место, како своја дестинација и е оптимист дека овој број значително ќе биде поголем годинава.

Мала Преспа (општина Пустец) често ја препорачуваат како посебна дестинација и албанскит власти. 

-Преспа е една од најпосебните дестинации во југоисточна Албанија, каде што спокојството, богатиот биодиверзитет и прекрасните пејзажи се спојуваат во хармонија, правејќи го ова подрачје едно од најскапоцените природни богатства на земјата. Секое годишно време дава нов изглед, но убавината и спокојството остануваат непроменети, напиша во објава Нико Пелеши, претседател на Албанскиот парламанет. 

Неодамна албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи сподели фотографии од Пустец, повикувајќи ги туристите да го посетат, за да се запознаат со „восхитувачките природни убавини и културни богатства“.

Општина Пустец опфаќа девет населени места, сите распослани на брегот на Преспанско Езеро.