Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Лончињата се измешаа – Османи им сугерира на пратениците, Лога вика обвинители на рапорт

Министерот за правда ги вика на рапорт обвинителите, а министерот за надворешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда ги вика на рапорт обвинителите, а министерот за надворешни со писмо им сугерира на пратениците како да гласаат. Има ли Македонија вистинска поделба на власта?  Министрите Кренар Лога и Бујар Османи ги измешаа лончињата кој е од законодавна, кој од извршна, а кој од судска власт и кој кому му е подреден.  А поделбата на властите  е една од темелните вредности на уставниот поредок. Во член 8 од Уставот стои дека поделбата на државната власт е на извршна, законодавна и судска.

Но министерот Бујар Османи заборави дека тој е избран од страна на пратениците, па им напиша писмо како да гласаат за подобра и европска Македонија во пресрет на седницата за уставните измени.

Во Уставот прецизно стои, Владата, а и министрите одговараат пред Собранието, а не обратно како што мисли Османи.

Реклама

Член 92 од Уставот на Македонија

Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието. Собранието може да изгласа недоверба на Владата

Лога иако е министер и дел од извршната власт,  тој како да е обвинител ги викна државниот обвинител Јовевски и првиот човек на организиран киминал Абази да разгораварат за истрагата во модуларната болница во Тетово. Иако во Уставот јасно стои за работата на обвинителите.

Член 106 од Уставот на МАкеоднија

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон. Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и закон. Јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието за време од шест години.

Речиси секој извештај на меѓународните организации и на невладините, нотира дека извршната власт става рака врз судската, а Собранието не ја врши функцијата на контролор на Владата, туку на послушник.

Паула Костадиноска