Реклама

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Македонија

Лефков: СДСМ денес со мизерна објава, преку клевети за политичко компромитирање се обидуваат да го дефокусираат вниманието од сопствените проблеми

СДСМ денес со мизерна објава, преку клевети за политичко компромитирање се обидуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ денес со мизерна објава, преку клевети за политичко компромитирање се обидуваат да го дефокусираат вниманието од сопствените проблеми, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Не знам како, партијата која со години гради подземје и нарко картели од кои Македонија не може да се исчисти и чии началници беа наркотрафиканти, како истите тие денес се обидуваат политички да профитираат, не со повик за расчистување, туку преку политизирање и преку најниски лични напади.

Ако некој сторил кривично дело, неговата одговорност треба да се утврди согласно закон, без разлика кој е. Нема заштитени и нема недопирливи.

Реклама

Институциите нека ја завршат својата работа и нека ги утврдат сите факти и за делото и за бегството. Обвинителството да ги искористи сите механизми.

Јавното обвинителство треба да отвори и финансиска истрага, да го испита потеклото на имотот, да предложи привремени мерки за обезбедување на имотната корист, да побара блокирање на средства и, доколку се исполнети законските услови, да иницира заплена и конфискација на незаконски стекнатиот имот.

Ако постои организирана мрежа, истрагата не смее да застане на едно лице. Таа треба да ги опфати сите инволвирани, сите помагачи, сите што стекнале противправна имотна корист и сите што евентуално му овозможиле да го извршува кривичното дело.

Тоа е вистинска борба против криминалот. Сè друго се политички конструкции и обиди за дневнополитичка злоупотреба на еден сериозен случај.

Венко нека престане да го користи СДСМ за клевети и политички конструкции и нека ги остави институциите да работат.

Сепак  не можам да се ослободам од впечатокот дека ова е уште една од серијата политички одмазди по  скандалите што ги разоткривме за СДСМ и за Венко Филипче. Сега Венко за да си ги сокрие сопствените проблеми, безмилосно нарачува и пласира  лични дискредитации кои немаат врска со вистината ниту правдата.

Времето кога политичарите одлучуваа кој ќе биде заштитен, а кој гонет, заврши.