Реклама

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Македонија

Културното наследство жртва на негрижата

Државата да го одврзи ќесето и да обезбеди пари за одржување,заштита и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата да го одврзи ќесето и да обезбеди пари за одржување,заштита и санација на вредното македонско културно наследство оти во спротивно, неповратно ќе го изгубиме-алармираат археолозите кои се охрабрија отворено да зборуваат за тоа во каква состојба е нашето културно богатство ,кое како што велат-не е ни за покажување.

 Моментално е во лоша состојба, треба многу инвестирање за да ја подобриме состојбата во заштитата и презентацијата на културното наследство и тоа да го направиме ресурс кој што ќе почне да враќа бенефит за државата.Моментално во оваа состојба најголем дел од археолошките локалитети и споменици на култура не се во состојба која што може да биде доведена за презентација”-вели Орданче Петров од Македонско археолошко друштво.

 Се доделуваат финансиски сретства по 100,200,300.000 ден што е едно минорно финансирање кое што јас во свое време би го одбивал и го одбивав, испод милион денари за заштита на археолошки истражување од поголеми размери е смешно да се оди на терен или да се заштитува”-вели Паско Кузман

Реклама

Еминетниот археолог Паско Кузман без задршка наброи кои архелошки локалитети во Охрид кој е ризница на културно наследство,се загрозени.  

 Одма ќе кажам за Самоиловата тврдина па и за Плаошник како најзначајни локалитите до сега што ги имаме реставрирано, конзервирано и презентирано, бидејќи не се води доволна грижа за нивното одржување.Што значи ако одите сега на Самоиловата трдина, ќе видите зарастени дрвја и вегетација по ѕидовите кои што ги уништуваат ѕидовите, вегетацијата тоа го прави”-вели Кузман

И не само Самоливата тврдина и Плаошник,ако не се одржува ќе почне да пропаѓа и наколната населба во Заливот на коските кај Градиште.Државата треба да посвети големо внимание на овие локалитети од кои печали убави пари и наместо дс ги вложува во нивно одржување,преку министерството за култура тие пари го распоредува за локалитети низ цела држава.Да се остави политиката на страна, Охрид мора да го добие она што го заслужува, дециден е Кузман.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски