Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Пукаат термометрите во Грција. Кулминацијата на тридневниот топлотен бран и најжешкиот ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пукаат термометрите во Грција. Кулминацијата на тридневниот топлотен бран и најжешкиот ден во годината се очекува да биде денеска, во делови од земјата температурите може да го надминат и 42-иот степен. Со зголемените температури се зголемува и ризикот од пожари а најизложен е поширокиот регион на Атина кој од страна на локалните власти е означен со петтата – максимална тревога за прв пат оваа сезона. Во Атика темпертатурата на асфалтот достигна 60 степени додека лимените кровови на зградите и паркираните возила достигнале дури 75 степени целзиусови. Поради ова министерството за труд на Грција одлучи да има задолжителен прекин со работа во периодот меѓу 13 и 17 часот за работници на отворено во кои спаѓаат и градежници и доставувачи. Забраната важи за Тесалија, источен Пелопонез и цела Атика. Најекстремни температури се очекува да има во источните континентални делови на Тесалија и централна Грција каде на локално ниво може да надминат 42 степени целзиусови. Дополнително Грција ќе биде под влијание на топла воздушна маса од северна Африка во комбинација со топли и суви ветрови кои се спуштаат од планината Пиндос, феномен наречен „Ливас“. Ова значи екстремно ниска влажност на воздухот која го зголемува топлотниот ефект врз луѓето и дополнително го зголемува ризикот од пожар. Грчката владата предупредува да се избегнуваат активности на отворено кои би можеле да предизвикаат пожар и превентативно затвори паркови на повеќе места. Крајот на овој пеколен бран се очекува утре кога треба да има нагол пад на температурите од 8 до 10 степени додека во петок и сабота се предвидува дожд и грмотевици во голем дел од земјата. Стабилизирањето на времето би требало почне од недела.