Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Кузманоска: Со ребалансот парите одат во патишта, железници, водоводи, училишта и уште многу други проекти

За секој буџет, па и за овој, најважно прашање е „каде одат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За секој буџет, па и за овој, најважно прашање е „каде одат парите?“. Со ребалансот на државната каса, одговорот е јасен: во патишта, во железници, водоводи, училишта и уште многу други проекти кои ќе бидат додадена вредност за Македонија. Капиталните инвестиции растат за 5,8 милијарди денари, односно, вкупно 45,9 милијарди денари. Тоа се 14,5% повеќе за оваа намена, односно во секое министерство, во сите сектори на државата има повеќе за капитални проекти – изјави денеска на прес-конференција пратеничката Биљана Кузманоска од ВМРО-ДПМНЕ. 

Продолжува изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, на автопат Кичево – Букојчани, автопатот Кичево – Охрид, проширување на автопатот Тетово – Гостивар, па Гостивар – Букојчани, Прилеп – Битола и автопатот од Скопје до Блаце.

Продолжува изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, од Бељаковце до Крива Паланка, а со реализација започнува и заедничкиот железнички граничен премин Табановце, со соседна Србија.

Реклама

Пари има за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, нови спортски и училишни сали, како и студентски и ученички домови.

Има за хидросистеми и откупно-дистрибутивни центри, за нови капацитети на затворот во Идризово, како и многу други проекти.

Ова се пари кои ќе значат регионален развој. Финансиска подршка за нови инфраструктурни проекти во општините. Развој кој ќе стигне до секој еден граѓанин.

Зборуваме за цели 4,1% од бруто-домашниот производ. Зборуваме за развоен и домаќински буџет.

Овие бројки не се само очигледен чекор напред, овие бројки се отскок за државата. Отскок кон развој, отскок кон современа и модерна Македонија.  

Прес-конференција на пратеничката Биљана Кузманоска од ВМРО-ДПМНЕ 

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ