Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје во чест на солидарноста по скопскиот земјотрес

Црвниот крст на град Скопје денеска спроведува традиционална крводарителска акција во знак…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвниот крст на град Скопје денеска спроведува традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но, како што истакнаа од таму, исто така и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти.

Александра Валкановска, стручен соработник во Црвниот крст на град Скопје истакна дека особено е важна оваа крводарителска акција затоа што се случува во летниот период.

– Летниот период луѓето се раздвижени, одат на одмори, има некогаш и недостиг на одредени крвни продукти, крвни групи, така што е многу важно овие летни акции да се добро организирани. Има интерес. Очекуваме бројка од приближно150 дарители да имаме на денешната акција, можеби и 200. До 18 часот е отворена акцијата – нагласи таа.

Реклама

Денешното крводарување се реализира во Домот на АРМ.

– Всушност, ваков тип акции, како оваа, се во делот и промоција на крводарителството, меѓутоа малку и помасовни во делот на задоволување на потребите од крв и крвни продукти. Има акции што се и помасовни во другите градови во Македонија, меѓутоа она што е важно е дека, всушност, крводарителството бара континуитет. Крводарителски акции има речиси секој ден во друга организација во државата, што значи дека и дарувањата, и ако се 30 и 40 и 100, се драгоцени бидејќи нам ни се потребни и доволни количини, меѓутоа и од сите крвни единици да имаме свежа крв. Како што велат, потребите на болничкиот систем се околу 150 единици крв на дневна основа, така што секогаш треба да бидеме спремни со резерви достапна крв – истакна Валкановска.

Таа додаде дека крв даруваат дарители од разни возрасти.

– Од секоја генерација даруваат крв. Она што е особено значајно за нас е младите да ги мотивираме да даруваат крв затоа што, всушност, тие се иднината – младите. Така што, да, имаме и таргет кон младите и позитивни примери и социјалните медиуми ги користиме, секаков начин на мотивација. Затоа што, генерално, средновечната популација се најчесто крводарители во Македонија и многу е важно некој да ги наследи, да продолжи да дарува крв. Така што, да, работиме и со младите – истакна таа.

Како што информира организаторот на настанот, во текот на летните месеци бројот на крводарувања бележи намалување. Годишните одмори, патувањата, високите температури и променетиот ритам на секојдневието се дел од причините поради кои граѓаните поретко се одлучуваат да даруваат крв. Во исто време потребата од крв не се намалува. Секојдневно, крвта е неопходна за хируршки интервенции, лекување пациенти со тешки заболувања, лица повредени во сообраќајни незгоди, породувања, како и во други итни медицински состојби. На здравствениот систем во нашата држава му се потребни околу 150 единици крв дневно за непречено обезбедување на потребите на пациентите.

Како што беше најавено, на акцијата, покрај крводарителите од Скопје, ќе им се придружат и доброволни крводарители од Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Кочани и Крива Паланка, со што уште еднаш ќе се испрати силна порака дека хуманоста и солидарноста не познаваат граници.

– Една единица крв може да спаси и до три животи. Ова лето одвојте малку време и дарувајте крв – е пораката што беше упатена од оваа крводарителска акција.