Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Економија

Концесиите за рудниците Иловица – Штука на расправа на Влада

Владината седница на која  министерот за економија се објаснува дали ги излажал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владината седница на која  министерот за економија се објаснува дали ги излажал министрите или пак навремено им доставил се, сеуште трае зад затворени врати .  Новинарите час и половина го чекаа Бектеши во прес центарот на Владата за да образложи што се случува на седницата , но тој не се појави на прес – конференцијата која самиот ја закажа . Од неговиот кабинет само пратија соопштение дека истата се одложува , а дополнително ќе известат за кога.  

Оваа седница се случува откако беа споени концесиите за рудникот Иловица – Штука , а дел од Владините министри кажаа дека не биле добро известени за што гласаат , односно дека не знаеле оти судска одлука која ги задолжува да ги спојат концесиите нема , а спротивното им било кажано од министерот Бектеши.  

Ковачевски потоа му даде втора шанса на Бектеши за да ја соберел целата документација и сите судски одлуки и  уште еднаш да реферира околу рудникот . Останува отворено прашањето дали одлуката ќе биде ревидирана . Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупредува дека министрите пак можело да бидат излажани, а СДСМ ги штити интересите на ДУИ .

Реклама

„Имам две пораки. Првата е, тие што се излажани овој пат да внимаваат да не бидат повторно излажани. Второ, не можам да разберам зошто СДСМ ги штити бизнис интересите на ДУИ во Струмица и која е цената на оние што ја имаат оние кои  дигаат два прста и се од оваа коалиција, а ја имаат за да ги штитат интересите на ДУИ во Струмица“, порача Мицкоски.

Бектеши не се појави на минатата седница оти беше на службен пат , туку после ги собра новинарите и тврдеше дека спојувањето на концесиите е најдобрата одлука за да сме се заштителе од арбитража . Тој ги демантираше министрите и трврдеше дека сите материјали биле доставени на време   и дека денеска само ќе донесе плус еден документ за тоа како хронолошки се одвивале настаните.

Кристина Алексиеска