Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Конституиран Советот на стопанственици во Кисела Вода, презентирани мерките за поддршка на бизнисот и вработување на млади

Во Општина Кисела Вода денеска беше одржана конститутивната седница на новоформираниот Совет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Кисела Вода денеска беше одржана конститутивната седница на новоформираниот Совет на стопанственици, на која пред претставниците на локалната деловна заедница беа презентирани најновите владини мерки за поддршка на стопанството и вработувањето.

На седницата, како што се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода, присуствуваа заменик-министерот за економија Марјан Ристески и заменик-директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова, кои ги претставија мерките од Оперативниот план за вработување, со акцент на поддршката за младите и отворањето нови работни места.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека Советот ќе биде важна алка меѓу локалната самоуправа, Владата и бизнис-заедницата.

Реклама

-Вие сте гласот на бизнис секторот, но и најбрзиот канал преку кој корисните информации ќе стигнат до секој еден стопанственик во Кисела Вода. Изразувам голема благодарност до Владата за континуираните напори и креирањето реални мерки за поддршка на стопанството, како и до заменик-министерот Ристески и до заменик директорката на Агенцијата за вработување Пешова за денешното присуство и исцрпната презентација-порача градоначалничката во своето обраќање.

Во конструктивна дебата, пред присутните стопанственици, заменик министерот за економија Марјан Ристески и заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова, детално ја презентираа подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, која располага со вкупен буџет од околу 5,4 милиони евра. Најголем акцент е ставен на младите луѓе до 29 години, за чие вработување компаниите можат да добијат неповратна финансиска поддршка од 250.000 денари.

Дополнително, мерката предвидува грантови од 160.000 до 220.000 денари за вработување на другите категории невработени лица, како и нов стимулативен бонус од 10 отсто дополнителни средства за вработување на лица-повратници. Една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу пет лица.

На средбата своја презентација имаше и извршниот директор на Шведско-македонската стопанска комора, Самуил Наумовски Викиус, кој воедно е и член на Совет на стопанственици на Кисела Вода. Седиштето на оваа Комора од неодамна е лоцирано токму во општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода апелира до сите претпријатија да ги искористат овие одлични поволности за финансиска инјекција и развој на своите бизниси. Детални информации работодавачите можат да добијат во работните клубови на Центрите за вработување секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број 02/3111-850, како и на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Македонија.